Светски ден на здравјето
Денес на Светскиот ден на здравјето – 7 Април, во нашето училиште се одржа предавање на тема „Комуникација со тинејџери“ од страна на проф. д-р Александра Жежова, професор на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот Гоце Делчев – Штип.
На предавањето присуствуваа родители на ученици од VIII и IX одделение, наставници и стручни соработници од нашето училиште, кои го збогатија своето познавање од оваа област.
Тинејџерите поминуваат низ сензитивен период од својот развој, а поддршката од родителите и наставниците е значајна за нив, бидејќи децата се нашата иднина – зеница во нашите очи.