ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

rabotilnica-kim-24-05-2024-01

Ученичка работилница за сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Во чест на Денот на сесловенските просветители учениците од 5-1 одд. со својата наставничка Фанка Каралиева и библиотекарката Вишна Стерјо направија креативна творечка работилница за Свети Кирил и Методиј.
Учениците се запознаа со животниот пат и творештвото на солунските браќа Кирил и Методиј и го осознаа нивното големо значење за словенската писменост.