Учество на настан во организација на Фолконика
На 28.11.2023г. во ООУ Григор Прличев – Железара се одржа прекрасен настан во организација на Фолконика, на кој учество зема и нашата ученичка Јана Атанасовска од 7-1 одд., која беше наградена со втора награда за својата музичка изведба на Македонско девојче.
Наградена беше и ученичката Амра Шаља од 9-1 одд. за освоено трето место со ликовната творба Хасан ага, а благодарници за учество добија Матеа Тасеска од 8-1 одд. и учениците од 5-1 одд.
Нашите ученици гордо и успешно го претставија нашето училиште и се дружеа со своите врсници од другите основни училишта во Општина Гази Баба.







Поврзани содржини