Во периодот од 16.06.2025 до 20.06.2025 година неколку наши ученици под раководство на наставникот по англиски јазик Матеа Цветковски, учествуваа во Англиски камп за учениците од основните училишта во Општина Гази Баба, кој беше организиран од Организацијата за Развој на образованието – Корени и општина Гази Баба.
Кампот се одржа во ООУ Стив Наумов – Автокоманда и учениците уживаа во дружбата и најразлични едукативни и забавни активности со своите врсници од другите училишта.
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.