ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Велигденски хуманитарен базар - 2 22-04-2024 - слика 1

Велигденски хуманитарен базар – 2

Денес во нашето училиште по повод претстојниот празник Велигден се одржа Велигденски хуманитарен базар на кој учествуваа сите ученици од одделенска и предметна настава и нивните наставници.
Учениците со помош на своите наставници подготвија шаренолики велигденски штандови на кои се најдоа разни украси, велигденски изработки и аранжмани, вкусни пити, пецива и слатки десерти.
Велигденскиот хуманитарен базар беше организиран во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба и тимот ЦКА – ПХВ од нашето училиште, а собраните финансиски средства се наменети за хуманитарни цели.
Голема благодарност до сите родители кои се вклучија во овој хуманитарен настан.

Alfa Logo40 28-12-2025
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе