Велигденски работилници
Во нашето училиште беа реализирани најразлични работилници за учениците со кои се најави доаѓањето на празникот Велигден.
Под раководство на своите наставници учениците изработуваа велигденски декорации, твореа ликовни творби, декорираа велигденски јајца.
Исто така дел од учениците земаа учество во велигденското украсување на холот на училиштето.
Во духот на празникот со желба за радост и благодет во секое семејство од страна на учениците беше организирана хуманитарна акција за собирање храна и средства за хигиена кои беа подарени на семејствата на неколку наши ученици.
Фотографиите може да ги погледнете на следниот линк: