Зелен волонтеризам
Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје на ден 14.04.2026 година реализираше еко предавање во нашето училиште наменето за ученици од I одделение.
Целта на предавањето е да се подигне свеста кај младата популација за важноста од грижата за природата и правилната селекција на отпадот.
Голема благодарност до Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Гази Баба за соработката и одличното предавање.
