Државното првенство за млади во класичен шах се одржа од 16 до 21 јуни во Струмица, при што, во согласност со пропозициите на Светската шаховска федерација ФИДЕ, се организираа натпревари во шест старосни категории.
Во категоријата за учесници до 10 години учество зема и нашиот ученик Давид Атанасовски од 4-1 одд., кој како претставник од ШК Алкалоид го освои ПРВОТО место и златниот медал.
Честитки за Давид!
Горди сме што имаме ваков шаховски талент во нашето училиште и му посакуваме уште многу успеси во понатамошните натпревари.
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.