На 14.09.2023г. на базенот во Аеродром се одржа Националното државно првенство по пливање и од нашето училиште учество зема ученикот Леон Левковски од 8-1 одд.
На натпреварот учествуваа 140 ученици од целата држава, кои се натпреваруваа во следните дисциплини: 50 метри слободен стил и градно прикажувајќи ја својата умешност и брзина во базенот.
Честитки до сите учесници за нивните извонредни напори и до нашиот Леон Левковски кој покажа извонредни резултати!
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.