Општински натпревар по прва помош 16.04.2025
Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје на ден 16.04.2025г. (среда) го реализираше Општинскиот натпревар по прва помош кој се одржа во училишниот двор на СУГС ,,Панче Арсовски”- Скопје.
На натпреварот учествуваа 14 екипи во категорија основни училишта и 4 екипи во категорија средни училишта и беа постигнати следниве резултати:
Категорија основни училишта
I место – ООУ” Наум Наумовски Борче „
II место – ООУ“Кирил и Методиј„
III место – ООУ“ Дане Крапчев„
Категорија средни училишта
I место – СЕТУ “Михајло Пупин„
II место – СУГС“Панче Арсовски„
III место – АСУЦ “Боро Петрушевски„
Нашите ученици се пласираа на седмото место.
Екипите кои ги освоија првите три места во категорија основни училишта продолжуваат на Градски натпревар по прва помош кој ќе се одржи во месец јуни, додека екипата која освои прво место во категорија средни училишта ќе се натпреварува на Регионален натпревар по прва помош кој ќе се одржи во месец мај.
Благодарност до младинските демонстратори и наставниците – предавачи за успешна подготовка на екипите по прва помош.