ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Општински натпревар по прва помош

Денес на 27.04.2024 година се одржа 44 натпревар по прва помош во кој учествуваше нашиот тим за Црвен крст составен од учениците од 9 одделение: Љубиша, Андреј, Огнен, Валерија, Лана и Марија, под менторство на наставникот Бојан Станковиќ.
Нашиот тим покажа дека е меѓу најдобрите тимови кои знаат секогаш да да укажат помош кога е најпотребно и убедливо го освоија ПРВОТО МЕСТО.
Честитки за учениците и нивниот ментор, а воедно голема благодарност до нашата поранешна ученичка Ева Краљевска и нејзината несебична помош во подготовките за натпреварот.
⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.