Регионален натпревар по англиски јазик
На 18.04.2026 година во ООУ Лазо Ангеловски – Скопје се одржа регионалниот натпревар по англиски јазик во кој учествуваа неколку наши ученици.
Ученикот Давид Атанасовски од 5-1 одд., под менторство на наставничката Македонка Настевски, освои 95 бода односно го освои првото
место и продолжува на државен натпревар.
Учениците од предметна настава исто така имаа успешно учество и ги постигнаа следниве резултати:
Григориј Јованоски 6 -1 одд. – 73 бода,
Миа Ристова 8-1 одд. – 78 бода,
Илија Соларов 9 -2 одд. – 75 бода.
Честитки за нив и за нивниот ментор наставничката Матеа Цветковски.

