ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Настава во природа за ученици од 5 одделение 27 04 2026

Настава во природа за ученици од 5 одделение

Во периодот од 20.04.2026 година до 23.04.2026година за учениците од 5 одделение беше организирана и реализирана Настава во природа.
Учениците престојуваа во Охрид, но имаа можност да посетат многу интересни културно историски и верски знаменитости и локалитети во Западна Македонија: Вевчани и Вевчански извори, градот Струга и неговите знаменитости, манастирот Свети Наум, Заливот на коски, многу цркви и манастири низ Охрид, Охридскиот амфитеатар, кале и Самоилова тврдина, како и Охридската чаршија и Билјанини извори. На враќање кон Скопје учениците го посетија градот Битола и локалитетот Хераклеа.
Учениците уживаа и се едуцираа во заедничката неколкудневна авантура, заедно со своите наставнички, за што сведочат многубројните убави фотографии.