Посета на културно-историски и верски објекти и знаменитости – МИО активност
На ден 23.04.2026г. учениците од 8 -1 и 8-2 одделение имаа можност да посетат неколку културно-историски и верски објекти и знаменитости во центарот на градот Скопје и Старата скопска чаршија.
Најпрво учениците го посетија Музејот на македонската народна борба, кадешто им беше одржано предавање за животот на нашите предци во минатото од страна на едукатор Софија Ангелова Левајковска, а потоа со учениците се одржа мала работилница за учениците при што дојде до израз нивната креативност.
Потоа учениците ги разгледаа културно- историските споменици низ центарот на Скопје, а ја посетија и Старата скопска чаршија и уживаа во слатките деликатеси што ги понудија слаткарниците низ Чаршијата.
Преку оваа активност учениците ги проширија своите знаења за различните културни и верски објекти и знаменитости.
