ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Општински натпревар по ПРВА ПОМОШ 24 04 2026

Општински натпревар по ПРВА ПОМОШ

На 24.04.2026г. во ООУ ,,Дане Крапчев” – Маџари, во организација на Општинската организација на Црвен Крст – Гази Баба се одржа Општинскиот натпревар по прва помош.
Во категорија на четиринаесет основни училишта, екипата по прва помош од нашето училиште го освои осмото место.
Честитки за постигнатиот успех и голема благодарност за учениците кои беа дел од екипата за Прва помош и нивниот ментор наставник Бојан Станковиќ, кои ја промовираа важноста на првата помош која спасува живот.