ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Посета на Градска библиотека Браќа Миладиновци - Скопје 25-03-2024 - слика 2

Посета на Градска библиотека Браќа Миладиновци – Скопје

На 25.03.2024 г. по повод Денот на европските автори учениците од 6 одделение, под раководство на наставничката по македонски јазик Марија Лозаноска, ја посетија Градската библиотека Браќа Миладиновци.
При посетата од страна на стручно лице беа презентирани четворица европски автори од Шпанија, Италија и Холандија преку издавачката куќа ‘Сказнувалка’.
Се читаа исечоци од книгите и се гледаа видеа во кои самите автори се обраќаа на публиката. Целта на оваа презентација беше доближување на децата до книгите на различни автори.
Книгата е отворен прозорец кон светот!
Alfa Logo40 28-12-2025
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе