Посета на нашето училиште од Градоначалникот на Општина Гази Баба и Министерката за образование и наука
Денес на 22.04.2026 година на наша голема чест и задоволство, нашето училиште го посетија Градоначалникот на општина Гази Баба г-дин Бобан Стефковски и Министерката за образование и наука г-ѓа Весна Јаневска.
Целта на посетата беше увид во работните активности за доградбата на училиштето, со која ќе се овозможи проширување и модернизирање на просторно- техничките услови за работа во училиштето.
Изразуваме голема благодарност до општина Гази Баба, МОН и Владата на РМакедонија за обезбедените финансиски средства, како и за континуираните заложби и поддршката за развојот на образованието.
Образованието не е трошок — тоа е најсилната инвестиција во иднината!







Поврзани содржини