ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Poseta na Opshtina Gazi Baba 1

Посета на Општина Гази Баба

Денес учениците од 4-1/2 одделение ја посетија Општина Гази Баба и кабинетот на Градоначалникот Бобан Стефковски.
Градоначалникот им посака топло добредојде и им објасни која е неговата функција, надлежности и обврски. Учениците поставуваа прашања и ги продлабочија своите знаења од предметот Историја и општество. Освен кабинетот на Градоначалникот, ја посетија и големата сала за состаноци кадешто се одржуваат седници, трибини и други состаноци.
Сите ученици уживаа во денешната прошетка, а голема благодарност упатуваме и до родителите на учениците од 4-1/2 одд. за својата несебична помош и соработка.
Alfa logo40
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе