Посета на Саем на книга 2026
Денес на 28.04. 2026 година учениците од предметна настава имаа можност да го посетат Саемот на книга 2026 во СЦ Борис Трајковски.
Учениците имаа можност одблизу да се запознаат со книжевното дело на Велко Неделковски и да ги посетат штандовите на многу издавачки куќи и книжарници.
Учениците уживаа во шареноликоста од бои и жанрови на книги и од оваа посета понесоа само убави моменти и радост, а
имаа можност да си купат и книги по свој избор.
Одговорни лица за организација и реализација на посетата се: Соња Ѓошевска, наставник по македонски јазик, Маја Ѓорѓиев, библиотекар и Елена Геговска Стоилковски, психолог.
