Посета на инклузивна танцова претстава ,,Сонот на едно дете”
Денес на 27.04.2026г. нашите ученици од одделенска настава заедно со своите одделенски наставнички имаа можност да присуствуваат на инклузивната танцова претстава „Сонот на едно дете“, во изведба на Eureka Dance Company, која се одржа во СЦ Јане Сандански.
Учениците уживаа во прекрасниот танц, емоцијата и силната порака за прифаќање и еднаквост, а имаа и можност да доживеат уметност која инспирира, обединува и поттикнува емпатија.
Сите беа задоволни и воодушевени и стекнаа едно незаборавно искуство исполнето со аплаузи, насмевки и важни животни вредности.







Поврзани содржини