ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Одбележување на Светскиот ден на планините 10 12 2025

Одбележување на Светскиот ден на планините

Денес во нашето училиште беше одбележан Светскиот ден на планините со едукативно предавање и презентација на тема: Планината е училница без ѕидови, за учениците од петто одделение од страна на одделенската наставничка Билјана Димитриевска.
Учениците проследија видео презентација и истовремено одблиску имаа можност да видат какви планинарски обувки, облека и алати постојат.
Наставничката Билјана е инаку долгогодишен член на планинарското друштво Огнените од Скопје и им објасни на учениците, кога сите видови ракавици, чевли, чизми, јакни и стапчиња се користат , во какви услови која облека се носи и со кои алати се служат планинарите.
Учениците возбудени ги разгледуваа облеките и демонстрираа меѓусебе како изгледа еден планинар.
Учениците научија и дека природата ни е пријател и ако ја чуваме чиста и жива, ќе ни возврати со убавина, здравје и мир.