Детски летен камп 2025
1 Ден – многу весели и интересни активности и специјален гостин нутриционист Бојка Динева Јовановска, а за освежувањето се погрижи water MAYA.
2 ден – спортски ден со професорките по спорт Мартина и Викторија, специјален гостин Никола – Детето од рекламите и поддржувач Boba space.
3 ден – научивме многу корисни нешта за возење велосипед, благодарение на MTB Ilinden, а за освежувањето се погрижи Sinalco Ice Tea. Сите уживаа во дружбата на тркала.
4 ден – Денес сите уживаа во заедничката едукативна дружба со претставниците од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба, многумина беа хумани, а за оваа вечер поддржувачи на кампот беа Веро маркети и Cineboxx.
5 ден – Затворање на кампот со одлична дружба, смеа, активности и подароци од поддржувачите Nelt и Haribo.
Се гледаме следната година со уште повеќе поддржувачи, волонтери, активности и учесници во кампот.
Голема благодарност до организаторите на Детскиот летен камп Студио МАРБАЛ – Танц и аеробик и Теаквондо клуб Младост и нашиот најголем поддржувач Општина Гази Баба, без кои овој камп не можеше да се оддржи.