Доделување на благодарници и подароци за крводарителите
Доделување на благодарници и подароци за крводарителите од крводарителската акција – Секој крводарител е херој!
На 27.06.2025 година нашето училиште им додели благодарници и скромни подароци на родителите и вработените кои учествуваа во крводарителската акција Секој крводарител е херој!, која се реализира на 15.05.2025 година по повод Неделата на Црвениот крст во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Гази Баба.
За сите родители кои не беа присутни благодарниците и подароците ги примија нивните деца.
Воедно на сите други крводарители кои не беа во можност да присуствуваат на доделувањето благодарниците и подароците ќе им бидат врачени дополнително.
Секој крводарител е херој, а нашите херои се:
1. Синиша Тасевски – родител во 4-2 одд.
2. Даниел Чурлиновски – хуман граѓанин
3. Ѓорѓи Ивановски – родител во 3-1 и 6-1 одд.
4. Јоце Јосев – родител во 7-1 одд.
5. Елена Глигорова – родител во 5-2 одд.
6. Елена Ристова – родител во 5-1 одд.
7. Мирче Радевски – родител во 7-1одд.
8. Ѓорѓи Петковски – родител во 6-1 одд.
9. Емран Рамадан – родител во 1-2 и 4-2 одд.
10. Бејтуш Муслијов – родител во 4-1 одд.
11. Јовче Тодосовски – хуман граѓанин
12. Стојанче Петковски – хуман граѓанин
13. Игор Китановски – хуман граѓанин
14. Бојан Станковиќ – наставник
15. Јулија Никовска Пешевска – наставник.
Благодарност до сите крводарители, вашиот придонес е од големо значење, зашто секоја капка е вредна и живот значи!