ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Dodeluvanje na priznanie i nagrada za prvenec na generacija 1

Доделување на признание и награда за првенец на генерација

Денес градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски им додели признанија на првенците на генерација од сите општински основни училишта на територијата на нашата општина.
Меѓу нив горди сме што го имаме и нашиот ученик Христијан Ангеловски, кој беше избран за првенец на генерација од нашето училиште.
Овие ученици се вистинска гордост за своите училишта, семејства и за целата наша општина- порача градоначалникот на Општина Гази Баба господинот Бобан Стефковски.
Во знак на признание за нивниот труд, посветеност и одлични резултати, општина Гази Баба на секој од првенците на генерација ќе додели парична награда во износ од 3.000 денари.
Општина Гази Баба и понатаму ќе продолжи да инвестира во образованието и младите – затоа што тие се нашата иднина.

Alfa logo40
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе