Донација на 10 прочистувачи за воздух
Општинско основно училиште ,, Крум Тошев”- Трубарево, општина Гази Баба искажува голема благодарност до финансиското друштво Иуте кредит Македонија ДООЕЛ Скопје и компанијата Екотип ДООЕЛ Скопје за донацијата од 10 прочистувачи за воздух, со кои учениците ќе се чувствуваат побезбедно и поздраво за време на наставата во училиштето. Изразуваме и особено голема благодарност кон општина Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски кои со својата заложба и координација со посочените компании ја овозможија оваа донација. Здравјето на децата е на прво место, зашто децата се нашата иднина.
Повеќе за настанот на следниот линк: