На 14 мај 2025 година во Општина Гази Баба се одржа едукативна работилница како дел од кампањата на Макпетрол Крени глас против врсничко насилство.
На работилницата присуствуваа директори, наставници и родители, а модератор и говорници на работилницата беа: Сашко Коцев, познат македонски актер, психологот Деспина Стојановска, Билјана Трајановска, директор и Бетка Тодосовска, образовен асистент во нашето училиште ООУ ”Крум Тошев”.
Се разговараше за врсничкото насилство, пристапот кон него, чекорите што се преземаат за негово откривање и справување со него.
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.