ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Inkluzivna tancova pretstava Pat okolu svetot za 80 minuti - 1 16

Инклузивна танцова претстава “Пат околу светот за 80 минути” – 1

На покана на Културен центар Еурека – Скопје учениците од нашата Општина Гази Баба на 03.12. 2024 г. имаа можност да присуствуваат на инклузивната танцова претстава “Пат околу светот за 80 минути” во Национална Опера и Балет.
Со ова учениците од нашето училиште го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби и дадоа поддршка на своите другарчиња со посебни потреби.
Учениците уживаа во прекрасниот 80 минутен танцувачки перформанс на танчерите од Еурека.
Танцот е универзален јазик кој не обединува сите, независно од тоа што сите сме различни, а токму различностите не прават посебни. Инклузијата не е само прифаќање на различности туку откривање на нови светови и можности.
Настанот беше поддржан и реализиран во соработка со Министерство за култура.

 

Alfa logo40
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе