ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Крводарителска акција 05 06 2026

Крводарителска акција 2026

🩸❤️✨ Подади рака за живот – дарувај крв! 🤝❤️🩹

Денес на 05.06.2026 година во соработка Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба и ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина на РСМ – Скопје, во нашето училиште се одржа крводарителска акција „Подади рака за живот – дарувај крв!“. 🗓️🏥🤝🩸

Оваа хумана активност во нашето училиште се одржа по вторпат и тоа како единствено основно училиште во општината – домаќин на ваков вид акции. 🏫🏆❤️

Хуманата крводарителска акција ги обедини сите добри и хумани луѓе, кои со сопствена желба и волја учествуваа во акцијата со која може да се спасуваат животи. За тоа се доказ добрата и пријатна атмосфера и насмевките на лицата на крводарителите и медицинската екипа од трансфузиона медицина. 🥰😊🩺⚕️🩹

Учесниците во крводарителската акција добија подароци од Црвен крст и Трансфузиона медицина. 🎁🛍️❤️

Голема благодарност за родителите, вработените и локалните жители кои се вклучија во акцијата, како и до надлежните организации кои го овозможија нејзиното реализирање. 👨‍👩‍👧‍👦👥🏢👏🍀🌟