Одбележување на Европски ден на јазиците
На 26 септември во земјите од Европската унија се прославува Европскиот ден на јазиците – празник на многубројните јазици кои се говорат во ЕУ. Идејата е преку најразлични манифестациите кои ќе се одржат во земјите од ЕУ да се поттикне интерес кај децата и возрасните кон јазиците и изучување на истите.
26 септември е определен за Европски ден на јазиците од Советот на Европа и Европската комисија во 2001 година, со цел да се прославува културното наследство, кое претставува составен дел од јазиците во Европа, вклучително и јазичната шареноликост и доживотно изучувањето на јазиците.
Во нашето училиште се одржа приредба за учениците под раководство на наставниците по македонски јазик, англиски јазик и француски јазик. Учениците рецитираа песни и драматизираа фрагменти од неколку драмски дела.