ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

odbelezuvanje na evropski den na jazicite 26 09 2025

Одбележување на Европски ден на јазиците

На 26 Септември во земјите од Европската унија се прославува Европскиот ден на јазиците – празник на многубројните јазици кои се говорат во ЕУ. Идејата е преку најразлични манифестациите кои ќе се одржат во земјите од ЕУ да се поттикне интерес кај децата и возрасните кон јазиците и изучување на истите.
26 Септември е определен за Европски ден на јазиците од Советот на Европа и Европската комисија во 2001 година, со цел да се прославува културното наследство, кое претставува составен дел од јазиците во Европа, вклучително и јазичната шареноликост и доживотно изучувањето на јазиците.
Во нашето училиште се одржа приредба за учениците под раководство на наставниците по македонски јазик, англиски јазик и француски јазик. Учениците рецитираа песни и драматизираа фрагменти од неколку драмски дела.