ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Одбележување на Интернационален ден на стоматолозите 09 02 2026

Одбележување на Интернационален ден на стоматолозите

Денес на 9 Февруари учениците од одделенска настава го одбележаа Интернационалниот ден на стоматолозите.
Во некои одделенија учениците проследија едукативни видео презентации и изработија едукативни плакати и ликовни изработки за орално здравје и значењето на оваа професија.
Учениците од 4 одделение под раководство на одделенските наставнички Симона Костадиновски и Зорица Наунова, имаа чест да имаат гостин во училница стоматолог Бојан Стојчевиќ, кој одблизу им ја претстави својата професија.
Сите ученици уживаа во заедничките разновидни активности.

👉 Погледни галерија