Одбележување на Меѓународниот ден на Ромите
Денес во училиштето го одбележавме 8 Април Меѓународниот ден на Ромите.
Учениците имаа можност да се запознаат со историјата, културата и традициите на ромскиот народ преку интересна видео презентација, преку која научија за потеклото, јазикот, знамето и богатото културно наследство на Ромите.
Посебно внимание привлече „живата работилница“, каде учениците активно учествуваа, презентираа и учеа едни од други. Преку оваа активност се поттикна соработка, комуникација и учење преку искуство.
Оваа активност беше реализирана под раководство на наставникот Гоце Петровски, координатор од Тимот за МИО, а која е дел од нашите активности од МИО (меѓуетничка интеграција во образованието), преку кои градиме почит, разбирање и прифаќање меѓу учениците од различни заедници.
Заедно учиме дека ,,Различноста е богатство, а почитта е вредност што нè обединува”.







Поврзани содржини