ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Празници на радост и заедништво 1

Празници на радост и заедништво – Велигден и Рамазан Бајрам

МИО работилница – Празници на радост и заедништво – Велигден и Рамазан Бајрам
денес во нашето училиште се реализираше МИО активност во соработка со партнер училиштето ООУ Братство Единство – Коњари и учениците ја искажаа својата креативност преку изработка на плакат и ликовни изработки.
Преку активноста учениците научија за верските празници Велигден и Рамазан Бајрам, развија свест за меѓусебна почит, а истовремено се поттикна и меѓуетнички сензибилитет кај нив за прифаќање и запознавање на различните етнички заедници.Учениците се едуцираа и уживаа во меѓусебната дружба.