Одбележување на Месецот посветен на ретките болести
Месец Февруари е месец посветен на ретките болести, па нашите ученици од 7 одделение сакаа да ја искажат својата грижа за лицата со ретки болести и воедно сакаа да ја дадат својата поддршка во нивната борба за справување и надминување на болестите.
Учениците реализираа активност со цел да им дадат поддршка на пациентите со ретки болести особено на децата кои поради болеста немаат убаво и безгрижно детство, како сите други деца.
Под мотото: ,,Ретки сте, ама сите сме луѓе”, учениците продискутираа заедно со своите наставници за ретките болести, проследија едукативно предавање и изработија плакат, кој го посветија на сите ретки луѓе во земјава и во светот. Учениците испратија моќни пораки.
Нашите срца чукаат во ист такт со нивните, а нашите мисли се секогаш насочени кон нивното оздравување.
Нивниот успех е наша радост, а нивната среќа е наша успешна мисија – безгрижно и весело детство за сите деца со ретки болести.
