ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Учество во ученичка квизотека 24-02-2026 - слика 1

Учество во ученичка квизотека

Денес во организација на Детски културен дом Карпош се одржа ученичка квизотека во која учество земаа нашите ученици од 9 одделение: Стефан, Ивона ,Илија и Андреј, кои ги измерија своите знаења и вештини со уште три други училишта.
Денот беше исполнет со напнатост и возбуда, кога учениците од четирите училишта се натпреваруваа за место во следната рунда.
По напорната и возбудлива конкуренција, два тима продолжуваат понатаму, додека два тима за жал ќе мора да се повлечат.
Настанот беше збогатен со неверојатна ритмичка точка, која ги воодушеви сите присутни, а која ја подготвија талентираните ученички од нашето училиште: Мила, Ива, Јана, Јована и Анастасија, под раководство на Marbal Marija.
Погледнете некои од најубавите моменти и атмосферата која ја носи ова училишно натпреварување.
Во денешната квизотека учествуваа следните училишта:
1. ООУ „Крум Тошев“-Општина Гази Баба
2. ООУ „Св, Кирил и Методиј“-Општина Чучер Сандево
3. ООУ „Александар Урдаревски“- Општина Чучер Сандево
4. ООУ „Мирче Ацев“ -Општина Ѓорче Петров
Пофалби за нашиот квиз тим и нивниот ментор наставник Филип Ацевски, но и за балетската група која ќе настапи повторно на нов настан во организација на Детскиот културен дом Карпош.

Alfa Logo40 28-12-2025
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе