Среќно првачиња!
Први Септември е ден со кој се одбележува почетокот на новата учебна година и секако најрадосниот ден за сите ученици особено за најмладите ученици, првачињата, кои за првпат ќе седнат во училишните клупи.
Ајде да им помогнеме, да бидат успешни ученици, кои со радост ќе ги совладуваат задачите и секојдневно ќе ги откриваат убавините во другарувањето, знаењето, љубовта, играта.
Во име на целиот колектив на ООУ Крум Тошев- Трубарево на нашите најмали ученици им посакуваме остварување на големи соништа, стекнување искрени пријателства, многу награди и петки, а им ветуваме разбирање, прифаќање, поддршка и цврсто подадена рака, среќен почеток првачиња!