ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Честитки за Давид Атанасовски – сребрен медал во шах – Плазма спортски игри

Нашиот ученик Давид Атанасовски го освои второто место во машка конкуренција на меѓународното финале во рамките на Плазма Спортските игри, кое се одржа во Сплит од 17 до 21 август 2026г и се закити со сребрен медал.
Секој потег беше внимателно осмислен, секоја партија носеше нова неизвесност, а секоја победа беше заслужена со знаење, смиреност и спортски дух. Натпреварувачите уште еднаш докажаа дека шахот создава шампиони не само на таблата, туку и во животот.
Исто така нашиот ученик Давид имаше незаборавно искуство во Сплит и имаше можност да игра шах со велемајсторот Најџел Шорт.
Честитки за Давид и за неговиот ментор Елена Арсовска, наставник по физичко образование. 🍀🍀🍀🍀🍀

Alfa Logo40 28-12-2025
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе