ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Плазма Спортски игри за млади 2026 08-05-2026 - слика 1

Плазма Спортски игри за млади 2026

Денес на 08.05.2026 г. нашите ученици 🧒👧 беа дел од отворањето на „Плазма Спортски игри за млади“ 🏅⚽.

Заедно со наставничките по физичко и здравствено образование Викторија Гоцевска и Елена Арсовска 👩‍🏫 присуствуваа на големиот старт 🎉 на најмасовната спортска манифестација на Плоштад Македонија 🇲🇰.

„Спортувајте, другарувајте, учете 📚, затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија“ 💪, порача премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на овој настан и истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува спортот 🏃‍♂️🏀 и младите генерации 🌟.

На настанот, кој обединува над 27.000 деца од целата држава 👏, беа најавени натпревари во разни спортски дисциплини ⚽🏐🏃‍♀️ на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти 🥇 ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит 🌍, каде што ќе се натпреваруваат со врсници од регионот.

Учениците се забавуваа 🎈 и се дружеа 🤝 со своите врсници од основните училишта од градот Скопје и скопските општини 🏫.

Alfa Logo40 28-12-2025
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе