Полигон за III одделение
Во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба на ден 15.12.2025 година во училишната спортска сала при ООУ „Вера Јоциќ“ се реализираше спортската активност „Полигон“ за учениците од III одделение.
На настанот учество зедоа ученици од сите основни училишта од Општина Гази Бабамеѓу кои и нашите ученици од 3-1 и 3-2 под раководство на Елена Арсовска, наставник по ФЗО.
Целта на оваа активност е подобрување на психомоторните вештини, како и поттикнување и вклучување на учениците од најмала возраст во спортски натпревари и активности.
Пласман на првите три екипи:
ООУ „Вера Јоциќ“
ООУ „Крсте Мисирков“
ООУ „Дане Крапчев“
Честитки до сите учесници и нивните наставници за успешната организација и спортскиот дух!
