Учество во Ученичка квизотека
Денес, на 02.12.2025 година нашите ученици од 9 одделение Ивона Тоневска, Илија Соларов и Стефан Стојановски учествуваа во Ученичката квизотека, која е натпревар од општи знаења за учениците од основните училишта на Град Скопје, во организација на ЈУ Детски културен центар Карпош.
Нашето училиште на денешниот натпревар во конкуренција со ООУ Блаже Конески- Аеродром, ООУ Вера Јоциќ – Хиподром и ООУ Невена Георгиева Дуња – Кисела вода, освоија пласман во следниот круг од натпреварите.
Честитки за учениците и им посакуваме среќа во следните натпревари.
