Известување за онлајн настава
Се известуваат вработените, учениците и родителите, како и пошироката јавност, дека по добиена официјална информација од МОН за реализација на наставата во нашето училиште во периодот од 15.09.2025 до 19.09.2025 за учениците на ООУ Крум Тошев Трубарево, ќе се организира онлајн настава.
Одлуката за онлајн настава е донесена според препораките од Државниот инспекторат за животна средина бр. 02-1009/1 од 14.9.2025 година, од Владата на Република Северна Македонија на 112-та седница одржана на 14.9.2025 година.
Наставата ќе се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација, во периодот од 15.9.2025 до 19.9.2025 година.
Часовите ќе се одвиваат по редовен распоред за часови и за смени, значи
прва смена предметна настава од 7:30ч., втора смена одделенска настава од 13:00ч.
Сите инструкции за реализација на часовите, учениците и родителите ќе ги добијат од одделенските и класните раководители.
Здравјето на нашите ученици е на прво место.