ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Новогодишен хуманитарен базар и приредба

Почитувани родители и ученици,

Ве покануваме да бидете дел од нашиот Новогодишен хуманитарен базар и заедно да ја завршиме годината со музика, песна и танц на нашата Новогодишна приредба.

Нашите ученици, наставници и останати вработени подготвија најразлични ракотворби, празнични украси и слатки задоволства со цел да бидеме хумани и да и помогнеме на нашата драга наставничка и колешка Каролина Димовска.
Собраните финансиски средства ќе бидат наменети за нејзиното лекување.

Новогодишниот хуманитарен базар и приредба ќе се одржи на 29.12.2025 година (понеделник) во училишната спортска сала со почеток од 17 часот. По завршување на приредбата ќе започне хуманитарниот базар.

Вашето присуство и хуманост за нас претставува радост и среќа за да помогнеме таму каде што треба.

Хуманоста не познава граници!

Новогодишен хуманитарен базар и приредба 23 12 2025 01