ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Соработка со Светски Институт за Менаџмент - Скопје 03-12-2024 - слика 18

Соработка со Светски Институт за Менаџмент – Скопје

На 25.11. 2024 година во нашето училиште Граѓанската организација Светски Институт за Менаџмент – Скопје, во соработка и поддршка од Општина Гази Баба, а во интерес на јакнење на потенцијалот на образовниот кадар во училиштата, организираше едукативен настан – работилница на тема: “Развој на емоционална интелигенција”.
Работилницата беше интерактивно и практично предавање од специјализиран обучувач – психолог пред нашите ученици од 6 до 9 одделение.
Голема благодарност до Светски Институт за Менаџмент и Општина Гази Баба кои овозможија реализација на ваква активност со која се води грижа за менталното здравје и благосостојба на учениците.
Alfa Logo40 28-12-2025
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе