ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Учиме нови животни вештини – активност во трето одделение - 06.02.2026

Учиме нови животни вештини – активност во трето одделение

На часот по слободни изборни активности учениците од 3-1 одделение кај одделенски наставник Фанка Каралиева учеа нови животни вештини односно да шијат на памучен материјал.
Целта на часот беше учениците да научат основни техники на шиење, да развијат креативност и трпеливост, и да создадат свој уникатен производ.
Часот беше воедно едукативен и забавен и учениците на крај ги презентираа своите изработки.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.