ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Авантурите на Тими и Џи даб 27 01 2026

Авантурите на Тими и Џи-даб – гостин писател за деца Кристина Митровска Мучоски

Со најразлични едукативно забавни активности за нашите ученици продолжуваме и во второто полугодие.
Денес нашето училиште го посети младата писателка Кристина Митровска Мучоски која на наше големо задоволство пред учениците од второ одделение ја промовираше својата книга наменета аа деца од предучилишна и рана училишна возраст и ги претстави авантурите на Тими и Џи -даб.
Учениците имаа можност да слушнат една инспиративна приказна за храброста, семејството и способноста да ги гледаме обичните работи на необочен начин.
Младата писателка Кристина М. Мучоски создава приказни што поттикнуваат радост, самодоверба, храброст и љубопитност, пишувајќи со љубов кон сите мали читатели.
Крајот на дружбата заврши со заедничка радост, насмеани лица и подарок од нашите ученици за долго сеќавање за драгата гостинка.