Борба против зависности
Соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба – предавање Борба против зависности
Во рамките на одбележување на Неделата на борба против зависности денес учениците од деветто одделение од нашето училиште присуствуваа на едукативно предавање Борба против зависности, одржано од Симона Велковска, претставник од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Гази Баба.
Предавањето беше проследено со големо внимание од страна на нашите ученици кои стекнаа многу знаења за зависноста од алохол, никотин и другите видови зависности.
Целта на предавањето беше да се подигне свеста кај младите за опасностите од различни видови зависности, да се потенцира значењето на здравите животни навики и навремената превенција, како и да се охрабрат учениците да донесуваат информирани и одговорни одлуки во секојдневниот живот.
Голема благодарност до Црвениот крст на РСМ- Општинска организација Гази Баба со која континуирано имаме прекрасна соработка и постојано мисли на поголема едукација на младите.
