Потпишување на Меморандум за соработка
Потпишување на Меморандум за соработка со ООУ ,,Братство Единство” – Средно Коњари, Општина Петровец
Денес во нашето училиште на наше големо задоволство имавме гости од ООУ Братство Единство од Средно Коњари, општина Петровец.
Директорката на нашето училиште г-ѓа Александра Димитриевска и директорот на ООУ Братство Единство – Средно Коњари, г-дин Мирзет Шуман потпишаа Меморандум за соработка на двете партнер училишта за реализација на МИО активности.
Двете училишта преку заеднички активности, работилници, проекти, спортски натпревари, културни манифестации и слично ќе разменуваат образовни искуства, идеи, знаења, во насока на поттикнување културна размена и меѓусебно разбирање.
Соработката меѓу училиштата ќе овозможи попродуктивна и поконструктивна комуникација за зближување на нашите наставници и ученици.
На средбата помеѓу директорите и претставниците од стручните служби на двете училишта се разговараше за карактеристиките на училиштата, како и се изнесоа многу идеи за идни заеднички активности, со цел подобрување на образовниот процес.
Овој Меморандум за соработка е чекор кон ново пријателство и партнерство за иднина , исполнета со знаење и успех!
