Ден на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј
Денес го славиме Денот на словенските просветители и учители, денот на браќата Кирил и Методиј. Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на македонската и словенската писменост и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.
„Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите еднакво? Па тогаш како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глуви?“ – Константин Филозоф (Св. Кирил).
Нашите ученици кои што во периодот од 22-26.05.2023 г. се на настава во природа во Охрид го посетија споменикот на браќата Кирил и Методиј и им оддадоа почит на нашите просветители и учители.
Нека ни е честит и вековит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители – Денот на Светите браќа Кирил и Методиј.
