ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Dobredojde za mart - mesecot na zhenata, martinkite i mimozite! 1

Добредојде за март – месецот на жената, мартинките и мимозите!

Март е месец на чие доаѓање му се радува секој! Месец на пристигнување на најубавото годишно време пролет, месец на жената, месец на мартинките и мимозите… Да му посакаме добредојде на март!
Според традицијата „баба Марта“ се дочекува со мартинка на рака, во црвено-бела боја.
Во минатото, првиот ден од месец март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината. Во чест на први март, девојките и жените плетеле алки – мартинки.
Традиционалните мартинки кои се прават на овој ден ја симболизираат пролетта, но и доброто здравје.
На Осми март се слави меѓународниот ден на жената и веќе се чувствува „осмомартовската еуфорија“, а цвеќињата пристигнуваат низ продавниците и носат шаренило и убавина!
Во март пристигнува и пролетта, омиленото годишно време на многумина! Денот ќе биде подолг, а природата веќе ќе се буди! Март е месец на мимозите кои се најнежниот симбол на пролетта.
Alfa logo40
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе