Хуманитарна акција
По повод Светскиот ден на храната во нашето училиште се реализираше хуманитарна акција, за собирање прехрамбени производи и средства за хигиена, во која земаа учество сите ученици и нивните родители од 1 до 9 одделение.
Во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гази Баба беа обезбедени пакети во кои беа спакувани собраните производи.
За сите ученици што донираа училиштето организираше забава.
Голема благодарност до сите кои земаа учество во акцијата и ја покажаа својата хуманост.
